Како изгледа луксузниот пентхаус на Мерил Стрип...

27 август 2018

Од неодамна на пазарот на недвижнини на продажба е луксузниот њујоршки пентхаус на етаблираната холивудска актерка Мерил Стрип. Ова е ретка можност да се погледне во нејзиниот интимен свет – а мора да потенцираме, според објавените фотографии, изгледа во најмала рака фантастично.

Овој пентахаус сместен на Менхетн со поглед кон Статуата на слободата, Мерил Стрип го купила во 2006 година за нешто повеќе од 10 милиони долари. Денеска, неговата вредност се проценува на 24 милиони долари.

Се простира на површина од 129 метри квадратни, а совршениот распоред на ентериерот остава доем на едноставен раскош и префинетост.

Има четири спални соби, а секоја просторија има директен излез на пространата тераса.

Благодарение на високите прозори, ентериерот е исполнет со природна, дневна светлина, што ја надополнува и онака пријатната и топла, домашна атмосфера.

 

Објавено:
27 август 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
836 пати