Како изгледа раскошот во кој живее Џенифер Лопез?

13 октомври 2017

На пазарот на недвижнини неодамна се појави оглас што ја заинтригира светската јавност. Имено, познатата музичка и филмска ѕвезда Џенифер Лопез го продава својот раскошен пентхаус лоциран на Менхетн, Њујорк, а ова воедно значи и ретка можност нејзините обожаватели да ѕирнат како изгледа раскошот во кој таа го поминува слободното време.

Станот е сместен во зграда која датира од 1924 година со прекрасен поглед на Madison Square Park. Во 2013 година е завршена неговата реставрација и тогаш Лопез се одлучила да го купи овој пентхаус што се простира на површина од 600 квадратни метри.

Според објавените фотографии, ќе забележите дека просторот изобилува со природна светлина, доминира белата боја, а интензивните бои се застапени преку внимателно одбраните детали.

Дали неговата продажна цена од 26 милиони долари е правдана?

 

Објавено:
13 октомври 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.108 пати