Како изгледа семејниот дом на една од амбасадорките на Икеа?

20 август 2018

Дана Милер е блогерка која неколку години страствено е посветена на ентериерното уредување. Нејзината пасија кон естетиката на уредувањето на домот преминала во сериозна професија која и обезбедила несекојдневна можност да соработува со најголемите брендови во доменот на уредувањето.

Меѓу другото, таа е и една од амбасадорките на шведскиот гигант Икеа.

Сосема очекувано, нејзиниот семеен дом комплетно е уреден со елементи од познатиот бренд, „спакувани" во идиличен, топол амбиент.

На нејзиниот блог House Tweaking, таа хронолошки ја проследува целата трансформација што ја направила при преуредувањето на нејзината семејна куќа, која инаку датира од 1950-та година.

Дана направила умешен спој на традиционалниот американски стил со модерните елементи од линиите на Икеа, со што успеала да создаде пријатно семејно катче кое ги задоволува и функционалните и највисоките естетски критериуми.

Погледнете го резултатот...

Фото извор: Инстаграм, House Tweaking

 

Објавено:
20 август 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.390 пати
Тагови: 
Икеа ентериер