Како изгледаат H&M Home и Божиќ заедно?

24 октомври 2017

Одговорот е: магично.

Интернационалните брендови што се одговорни за пријатниот амбиент во домот, веќе ги подготвија своите празнични колекции, неколку месеци пред Божиќ.

Празничните кампањи секогаш со себе носат некоја посебна топлина и токму затоа со нетрпение се очекувани на пазарот.

Шведскиот гигант H&M Home и сезонава ја продолжува својата традиција на волшебна, празнична колекција за домот што ќе му даде особен драж на амбиентот околу новогодишната елка.

Меки и топли ќебиња и украсни перничиња, миризливи свеќи, светилки, сетови за маса, сите се празнична тематика и обоени во традиционалните божиќни бои...

Фото извор: H&M Home

 

Објавено:
24 октомври 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.992 пати