Како изгледале дневните соби низ децениите?

1 јуни 2019

 Како што се менуваат трендовите во модната индустрија, така се менуваат и во архитектурата, односно ентериерите. Денеска правиме мала ретроспектива на тоа како изгледале дневните соби низ годините. 

Погледнете и споделете со нас, кој стил најмногу ви се допаѓа:

 

1950

Во 1950-тите каучите се многу долги, теписите богати и со принт. Крајот на 50-тите се карактеризира со интензивни бои, впечатлив розов кауч со портокалови перничиња или зелени, на пример. Каучите се долги, а теписите богати.



1960 

Боите во дневните соби во 1960-тите се инспирирани од природата, па затоа доминираат зелената/тиркизната, цветните дезени и златните детали, кои се истакнати на речиси сите предмети - од креветите до ѕидовите. Контрастот со интензивните бои како тренд, продолжуваат и во 1960-тите. Интересно е што типичните дневни соби во 1960-тите, можат сосема да се префрлат на типичните соби во 2016 година.



1970

Оваа декада е со малку контрадикторен стил. Од една страна се модерни материјали како пластика и винил се мешаат со природни материјали, кои се фаворизираат во хипи движењето. Ѕидовите се најчесто во авокадо зелена во комбинација со дрвени панели и со благо психоделични форми и бои. Еклектизмот е примарен во 1970-тите. Телевизиските и хај фај уредите во оваа декада станаа легендарните дизајнерски ремек дела, така што полиците , фиоките се составен дел од главниот простор за престој.



1980

Во оваа декада најпопуларни се масивните дрвени елементи и мебел. Меѓу најпопуларните трендови се пастелните тонови и цветниот принт. Секој кауч, перници или теписи во дневните соби во поголемиот дел на Европа бил во овие комбинации. Сè почестата употреба на телевизорите придонесува и за збогатување на дневните соби со елементи за тоа, меѓу кои и полици за ВХС касети.



1990

Во 90-тите години почнува трендот на минимализмот, кој подоцна ќе заземе и поголем замав. Ентериерите се почисти, за разлика од претходно. Белиот или беж мебелот се апсолутен тренд во Европа, но и тапетите со принт на дискретни листови. 



2000

Во новиот милениум трендот на светли бои се' повеќе доаѓа до израз. Употребата на технологијата придонесува и за негово интегрирање во домот, па еден од главните елементи во дневните соби на многумина се и компјутерите. Телевизорите се со рамни екрани. Тапетите се исто така во мода, како и фотографиите во рамка и сликите на ѕид. Исто така, речиси во секоја дневна има перници во изобилство.



Денес

Денешните дневни соби се со микс од повеќе трендови. Минимализмот доминира, но и комбинациите со бои. Се дава предност на практичноста и едноставноста, но и автентичноста, со што на дневната соба ѝ давате личен печат. Тренд е денес дневните соби да се пространи и да се најголемата соба во вашиот стан или куќа. 

 

Објавено:
1 јуни 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.139 пати
Тагови: 
дневни соби