Како станот од 49 квадрати да изгледа визуелно поголем?

25 април 2019

Иако во последно време трендовите како да почнаа да се менуваат, сепак скандинавскиот стил остана еден од омилените кога е уредувањето во прашање.

Минимализам со акцент на деталите е нешто што можеби најдобро го опишува овој стил, па токму поради тоа и најчесто се одлучуваме за истиот.

Доколку имате мал стан и се одлучите за овој стил на уредување, тогаш бидете сигурни дека просторот ќе изгледа многу поголем.

Во случајов, фотографиите што ги гледате се од стан од 49 квадрати уреден токму во овој стил, а истиот изобилува со многу светло и во него се вметнати претежно црно – бели детали.

Дополнително, одбрани се и други неутрални нијанси, акцент е ставен на зеленилото низ домот, фотографиите на ѕидовите и впечатливите украси.

Интересно е тоа што спалната соба е во другиот агол од дневната, па целиот простор изгледа како едно мини катче за уживање.

Погледнете го овој шик стан и инспирирајте се доколку сте во фаза на реновирање на домот со слична квадратура.

Инфо: Bonjour.ba

Фото: alvhem.com

Објавено:
25 април 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.423 пати