„Камелеон“ куќа каква што не сте виделе досега

20 март 2017

Жителите на Калифорнија деновиве можат да уживаат во несекојдневна глетка на „камелеон“ куќа каква што речиси никој и не видел досега.

Оваа фантастична куќа е целосно покриена со огледала однадвор, а нејзината внатрешност е вистинско уметничко дело.

Лоцирана на традиционален американски ранч во пустината во Калифорнија, оваа куќа е дизајнирана од уметникот Даг Аткен како дел од голема изложба на уникатни дела поставени и прикажани во пустината.

Она што вистински маѓепсува кога ќе ја погледнете оваа градба е нејзината рефлексија на некои од најубавите делови на Калифорнија, особено ноќе.

Таа вистински воодушевува благодарение на можноста за кратко да уживате во работите кои се прикажуваат, а потоа исчезнуваат од нејзината површина.

Познатиот уметник ќе каже дека неговото дело било инспирирано од архитектот Френк Лојд Рајт на кој постојано му се воодушевувал.

Внатрешноста на куќата е исто така обложена со огледала и тоа во речиси сите соби, за што посетителите ќе кажат дека е навистина интересно, но и малку страшно на моменти.

Ова фантастично дело и 16 други се дел од изложбата наречена Desert X Art Festival во познатата калифорниска долина, а истите ќе бидат отстранети по нејзиното завршување.

Објавено:
20 март 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
593 пати