Во просек, човек со редовен работен однос, поминува околу 99.117 часови на работа во текот на животот.
Тоа беше појдовна идеја во реализацијата на проектот „канцеларија која зрачи со топлината на домот", а која е наменета за компанија во Финска, дизајнирана од архитектот Joanna Laajisto.

Токму идејата, вработените да се чувствуваат пријатно како дома, го дефинирала дизајнот на овие прекрасни канцелариски простории во кои се балансира помеѓу практичниот и рационален распоред на просторот, чувството на удобности и модерниот дизајнерски израз.

Првиот впечаток е отворен простор, што овозможува лесна комуникација помеѓу вработените, исполнет со голема доза на природна светлина.

„Елегантен, неконвенционален и човечки, топол амбиент – ова беа стартните поенти поставени како основа на работниот процес. Се работи за канцеларија креирана со цел вработените да се чувствуваат како дома, но и сите клиенти што ќе ја посетат кои најчесто коментираат дека не само што просторот изгледа така, туку и го обезбедува она пријатно чувство на дом", вели архитектот.

 Фото: elledecor.it

Објавено:
29 ноември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
329 пати