Карл Лагерфелд ја продава раскошната германска вила за 12 милиони

27 јуни 2018

Раскошната германска вила на познатиот дизајнер Карл Лагерфелд деновиве е ставена на продажба по неверојатна цена од 11.65 милиони долари.

Креативниот директор на Шанел и Фенди ја купи вилата во 89 – тата година и живееше таму во текот на 90 – тите.

Истата го доби името „Villa Jako“ по неговиот долгогодишен партнер Жак де Башер, кој почина во 1989 – тата година.

Токму поради тоа, оваа куќа има посебно значење за дизајнерот, па дури и објави книга за истата и животот во неа со наслов „Ein Deutsches Haus“, во која смести и прекрасни фотографии.

Како што објави WWD, куќата била изградена во 20 – тите за познат трговец со бродови, со намера во истата да се сместат детали за таа да личи на романска вила.

Во куќата има огромна дневна соба, галерија на првиот кат која служи како библиотека и прекрасни стаклени врати кои водат кон рајската градина.

Сместени се и три спални соби, а во секоја од нив има купатило и огромен плакар и секако, неверојатно шарманти детали.

Извор и фото; Harpers Bazaar

Објавено:
27 јуни 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
269 пати