Збогувајте се со едноставните и еднолични светилки кои долги години ги „красеа“ нашите домови и оваа сезона одберете нешто сосема поинакво.

Ако порано не му посветувавме доволно внимание на осветлување, денеска тоа е една од клучните работи за совршено уреден дом и место во кое ќе уживате, особено во вечерните часови.

Компаниите за осветлување оваа сезона нудат огромен број на т.н кластер светилки, или повеќе здружени светилки во една совршена.

Доколку во моментов го уредувате својот дом, тогаш овие светилки се одличен избор за нешто сосема поинакво, нешто што вистински ќе ја украси секоја просторија во домот.

Овој сноп на светилки е навистина нешто неверојатно, впечатливо за сечие око, но и одлично надополнување на секој ентериер.

Ваквите светилки се одличен избор за сите оние кои сакаат да ја „разбијат“ монотонијата во просторот и да дадат некаков печат на својот дом.

Во галеријата погледнете како изгледаат овие светилки и побарајте ги во најблиската продавница!

Извор: Fashion.hr

Фото: Pinterest

Објавено:
28 јуни 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
281 пати