Колоритен рај во вилата на Бетси Џонсон

7 август 2017

Американската дизајнерка Бетси Џонсон е препознатлива по експлозивниот и интензивен колорит во нејзиниот дизајн. Токму таков е и темпераментот на нејзината вила во Мексико.

Фото извор: COURTESY OF AIRBNB

Сѐ што е таа како креативец е пресликано во дизајнот на нејзината викенд куќа покрај море: малку гламур, малку рокенрол, малку повеќе розово – сето тоа во едно е одраз на карактерот на Бетси.

Фото извор: COURTESY OF AIRBNB

„Кога ја градевме оваа вила во 2004 година, знаев дека концептот сакам да биде – Италијанска вила. Но, првичниот изглед беше некако мрачен. Затоа пред три години решив да ја редизајнирам. Отидов кај мојот архитект, Андрес Бенитез и му кажав: Направи оваа куќа да блеска, нека биде моите нови очи и дај им живост на ѕидовите", вели дизајнерката во разговор за магазинот Refinery29. И тој тоа го направил.

Фото извор: COURTESY OF AIRBNB

Куќата има приватен пристап до плажата, прекрасни егзотични градини, четири спални соби, шест купатила и секако базен.

Она што е интересно е тоа што вилата е достапна и за изнајмување преку Airbnb за 618 долари од ден.

Фото извор: COURTESY OF AIRBNB

Фото извор: COURTESY OF AIRBNB

Фото извор: COURTESY OF AIRBNB

Фото извор: COURTESY OF AIRBNB

Фото извор: COURTESY OF AIRBNB

 

Објавено:
7 август 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
175 пати