Креветот од кој нема да сакате да станете

26 септември 2017

За оние што обожаваат да лежат и да не мора да се поместат од местото дури ниту за да јадат, креветот „Sherry Sheng Lai Si“, веројатно е совршениот изум.

Се работи за мултифункционален кревет, во кој покрај душекот за спиење имате приклучоци за УСБ, звучници, електрична ламба, полици со книги, мини-бар, електричен приклучок, маса за компјутер на преклопување, фиоки за дополнителни перници, фотелја за масажа...

Цената се движи од 500 до 1100 долари, а за изумот треба да им се заблагодариме на Јапонците (Sherry Sheng Lai Si).

Но, додека едни го опишуваат како креветот од кој нема да посакате да станете, што може да звучи и двосмислено, тимот на „Ел Декор“ се обидел да стапи во контакт со произведувачот на ова парче мебел, со цел да се провери веродостојноста и функционалноста на истото.

Тука започнале и проблемите, како и сомнежот дали нешто вакво нависитна постои.

После бројните потешкотии да најдат кој е воопшто изведувачот и произведувачот на мултифункционалниот кревет, како и информациите кои водат до Кина, а не Јапонија, како што првично е наведно, тие на крај наоѓаат онлајн линк преку кој може да се порача креветот.

Со оглед на тоа дека не е малку стотици долари за да се докаже дали навистина ќе го добиеме производот што се рекламира во бројни списанија за внатрешен ентериер, тимот на „Ел Декор“ тука ја завршува приказната за креветот, а прашањето дали тој воопшто постои останува сè уште под знак прашалник.

Објавено:
26 септември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.670 пати
Извор: 
elle decor