Модерно осветлување за домот со потпис на Лакроа

3 јули 2017

Одделот за ентериер на француската модна куќа Лакроа, на чело со нејзиниот дизајнер Кристијан Лакроа, во една креативна соработка во 2015 година со брендот познат по своето занимање со осветлување, Форестје, дизајнираа една единствена уникатна колекција за осветлување кое на домашната приказна ќе и даде модерна трансформација.

Christian Lacroix

Оваа соработка резултираше со дизајнирање на 4 нови парчиња: Frondison лустер, Jeune Pousse столна лампа, Branchages ѕидна лампа и Arbuste подната ламба. Секое од овие парчиња, поединечно е обвиткано во префинета ткаенина од Лакроа, при што се прикажани два шаблони. Едниот е графичка рекреација на решетки од дрвени летви и шарени тропски цветови, а другиот ја претставува структурата на плетениот дизајн.

Christian Lacroix

Идејата е вака осмислените декоративни предмети да го претставуваат животот на една билка, која истовремено има совршени современи линии. Не само животот на една билка, туку дизајнот на еден многу уникатен и волшебен начин, според мене, ја претставува магијата на природата. Природата сама по себе е едно големо ремек-дело, кое постојано на платното ја исцртува својата ендемска убавина. Токму поради природната убавина, елементите со овие мотиви, сместени во домот, го оживуваат просторот.

Christian Lacroix

Автор на текстот е Елеонора Гоцевска, Правен факултет, УГД

Објавено:
3 јули 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
77 пати