Наспроти скандинавскиот минимализам што е базиран на едноставност и монохроматски комбинации, во модерната архитектура е актуелна и темпрераментната игра со колоритот, како друга крајност.

Се почесто стручните магазини од сферата на архитектурата и уредувањето, ни посочуваат да бидеме храбри во изборот на бои и да внесеме свежина во нашиот секојдневен простор, токму преку веселиот колорит.

Една таква варијанта е избор на кујна во боја или во комбинација на повеќе тонови, се разбира ако тоа соодвествува на вашиот сензибилитет.

И тука лепезата е богата: од кујни во суптилни, пастелни нијанси што вибрираат во ретро фазон до такви со елемнети во изразити, интензивни бои.

Шарениот колорит може да се „смири" ако се комбинира со некој неутрален тон или пак со природни материјали.

Доколку се двоумите, веруваме дека ќе ве убедиме ако ја погледнете галеријата во продолжение.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
18 април 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
471 пати