Куќата на Барби стана реалност – подготвена е за гости!

30 ноември 2019

Куклата Барби го одбележа/ува детството на многу генерации. Нејзиниот изглед, професии, стајлинзи претрпуваа различни трансформации низ 60. години колку што постои, но сон на секое девојче независно на која генерација припаѓало, беше за подарок да ја добие фамозната куќа на Барби.

Фото: Airbnb

Сега куќата од соништата е реалност! Инспирирана од оригиналната Бабри куќа, лоцирана во познатиот калифорниски град Малибу е изградена вилата The Barbie Dreamhouse, се разбира во природна големина.
Реалната реплика е комплетно уредена во стилот на Баби, па според тоа може да заклучите дека розовите нијанси доминраат.

Фото: Airbnb

Вилата веќе е подготвена за гости, а се изнајмува на платформата Airbnb.

Ентериерот се граничи со бајка, вусшност сè што постои во минијатурна верзија е пренесено во реална големина. Секако, централно место има фантастичниот плакар на Барби, но покрај него, вилата поседува и кино, базен, пространи балкони...

Фантазија во реалност...

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

Фото: Airbnb

Објавено:
30 ноември 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.105 пати