Еден од најбогатите и највлијателните луѓе на планетава, основачот на најпопуларната социјална мрежа Фејсбук, Марк Цукерберг живее прилично скромно и вели дека многу е посреќен кога се буди наутро да може да помогне некому, отколку да троши бесцелно пари на тривијалности.

Додава дека не се чувствува како прв човек во неговата компанија оти постојано е зафатен со иновации, практикување на нови алатки за подобрување на мрежата.

Се чувствува слободно во неговиот плакар каде може да најдете стотици сиви  идентични маички, како и исти  дуксови наредени едни до друга .

Неговата безбедност е најзначајна па вели дека е попаметно да се занимава со едноставен безбедносен систем, отколку да мисли дали ја заклучил вратата или ја оставил отворена. Инаку куќата е во Паоло Алто и се претпоставува дека ја купил за 5 милиони долари.

 

Објавено:
9 јануари 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.729 пати