Куќичка на дрво за уникатно хотелско искуство!

27 јануари 2017

На северот на Шведска, во селото Харадс постои еден хотел во кој ќе се заљубите од прва затоа што е навистина посебен. Станува збор за модерниот хотел Treehotel кој е еден вид модерна куќичка на дрво во која сите сакаат да престојуваат.

Во рамки на хотелот се наоѓаат неколку уникатни мали куќички кои се дизајнирани од некои од најдобрите скандинавски дизајнери кои направија вистинско чудо.

Хотелот на дрво, односно куќичките ги карактеризираат модерните линии инспирирани од традиционалниот нордиски стил, а во совршениот поглед можете да уживате благодарение на огромните прозори и атрактивната тераса.

Интересен момент во хотелот е мрежата која овозможува ефикасно поврзување на екстериерот со ентериерот.

Внатре куќичките се уредени со фасцинантен дрвен под, камини, луксузен мебел, кожени и крзнени детали и што уште не.

Она што е интересно е дека целиот проект е инспириран од филмот The Tree Lover, а истиот е изведен со минимално влијание врз природата.

Објавено:
27 јануари 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
285 пати