Светол, прозрачен, мултифункционален, естетски –широката употреба на пластиката има многу предности и бројни дизајнерски облици. Совршено го наоѓа своето место во модернистичките ентериери и во опкружувањето на оние луѓе кои сакаат да експериментираат со формите и дезените, а се вљубеници во футуризмот.

Во продолжение ви издвојуваме неколку култни парчиња мебел изработени од пластика.

Стол La Marie
Познатиот дизајнерски стол La Marie за италијанскиот бренд Kartell го изработи славниот Филип Старк. Ова парче мебел стана препознатлив претставник на внимателно дизајнираниот минимализам. Класичен, со строги линии, овој стол делува лежерно, но истовремено цврсто и сигурно.

Стол Louis Ghost

Покрај моделот La Marie, познатиот дизајнер Филип Старк го изработи и исто толку култниот модел на стол Louis Ghost во чив дизајн си поигра со силуетата на класичната софа во рококо стил. Со декоративноста и разиграната форма, со десетина различни варијанти, ова е еден од најдопадливите и најкупуваните дизајнерски столови.

Фотелја Proust
Легендарната фотелја Proust е дело на дизајнерот Алесандро Мендини. Доби нов дизајн и интересна боја во пластична варијанта, за што е заслужна компанијата Magis.

Маса Illusion
Масата Illusion ги обединува безвременската естетика, едноставноста, функционалноста, и се разбира илузијата. Транспарентната акрилна пластика од која е изработена масичката се формира рачно, што е една од главните карактеристики на овој дизајн покрај лебдечкиот ефект. Џон Брауер, кој е познат и како илузионист меѓу дизајнерите, го осмисли дизајнот во 2005 година за компанијата Essey.

Стол Panton
Кога во 1967 година беше претставен пред јавноста, овој стол предизвика вистинска сензација благодарение на заоблените линии што ја следат линијата на телото. Денес Panton столот е легенда на современиот дизајн на 20-от век и едно од најважните ремек дела на креативната индустрија.

 

Објавено:
20 август 2015
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
456 пати