Ламби во форма на облаци – ефективна инсталација во домот

10 јануари 2017

Њујоршкото дизајнерско студио Ричард Кларксон стекна глобална популарност благодарение на својот и тоа како необичен и интересен дизајн на ламби – оние кои по својот изглед и текстура потсетуваат на облак.

Овие ламби и лустери што во моментов се вистинска тенденција во ентериерното уредување, се на границата помеѓу дизајнерски декоративни елементи и уметнички инсталации.

Навистина се ефективни и покрај нивната основна функција, исто така се впечатлив декоративен елемент што го облагородува просторот.

Оригинално насловените „The Cloud" ламби се активираат на допир или со звук. Преку блутуд може да емитуваат и музика и да се модифицира нивната боја и јачина на светлото.

 

 

Објавено:
10 јануари 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
274 пати