Лето во вашиот дом – нова H&M Home колекција

9 мај 2017

Летната колекција за домот од шведскиот бренд H&M Home, е поделена во две линии што со различен интензитет ја носат егзотиката на ова годишно време во вашиот секојдневен простор.

Tropical Touch со своите тропски принтови и нијансите на розово, зелено и сино, е директна асоцијација за некое егзотично „зелено" место, во директен допир со природата, додека Calm Serenity е посмирена линија во која доминираат земјените тонови.

Првата линија е темпераментна и драматична, која со себе ја носи свежината на дивата природа, а втората го носи домашното, интимно чувство на смиреност, како и суптилна сафари естетика.

Tropical Touch


Calm Serenity

Објавено:
9 мај 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
396 пати