Љубов на прв поглед во боите за 2019-та година

5 ноември 2018

Каверн Клеј, односно глинената боја е изборот за 2019-та година ни открива компанијата Шервин-Вилијамс.
Оваа неочекувана, топла нијасна на теракота е вистински камелеон кога се работи за декоративните опции кои ни ги нуди. Исконбинирана со боите како сина, окер и розева, оваа нијанса лесно може да се вклопи во Вашиот дом.


„Веруваме дека следната година ќе биде вистинска ренесанса на седумдесетите. 2019 и Каверн Клеј совршено ќе ја доловат обновата, едноставноста и слободата на боемизмот" одговориле од компанијата.
Каверн Клеј бојата може да биде далеку повеќе од акцент за еден Ваш ѕид. Иако притаена и мирна, таа е доволно свежа да го декорира просторот цеосно, со правилно осветлување и акцентни бои. Богатата нијанса на теракотата совршено се вклопува со сите типови на дрвја и природни површини, но секако, би требало најпрво да ја испробате во Вашиот дом пред да и се посветите максимално.


Како можете да ја користите во ентериерот:


Каверн Клеј е класична боја за влезни врати. Оваа богата, топла нијанса е идеална за декор во Вашиот влезен простор.


Ако не сте подготвени оваа боја да ја употребите на сите ѕидови на Вашиот дом, таванот е идеална почетна точка. Одберете просторија во која драматичната боја на таванот ќе биде стилски погодок, како фоаје или трпезарија.


Покрај фактот што Шерин-Вилијамс компанијата секоја година прогласуваат тренди боја, тие ни откриваат и многу иновативни бои кои можат да бидат инспирација за нов декор. Нивната мастер палета е поделена во 6 теми за идната година, а ние ќе Ви ја откриеме приказната која сто позади секоја од нив:

Целата содржина прочитајте ја > ТУКА

Објавено:
5 ноември 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
333 пати