Луксузната вила во која живее Синди Крафорд

17 октомври 2017

На една од најелитните плажи во Лос Анџелес, Малибу, помеѓу сите луксузни објекти и вили, е и онаа на топ моделот Синди Крафорд. Моделот заедно со нејзиниот сопруг, одлучија ова импозантно архитектонско дело да го стават на продажба.

Првичната цена со која оваа вила била понудена за продажба, била 60 милиони долари, но со оглед на тоа дека процениле дека е превисока цена за пазарот, одлучиле да ја намалат на 50 милиони долари.
Ова е и ретка можност да се погледнат фотографиите во прилог на продажбата на вилата која има воодушевувачки поглед на плажа и широк простран ентериер, исполнет со дневна светлина благодарение на огромните прозори.

Ентериерот е во знакот на белата боја, со впечатливи дрвени детали, а дополнителна живост и позитивна енергија му даваат големиот број на зелени билки и растенија.

Фото извор: buro247.hr

Објавено:
17 октомври 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.082 пати