Почнува сезоната кога најубаво се чувствуваме кога сме покриени со меко ќебе и уживаме во некој добар филм во соба со совршена светлина.

Доколку светлото од лустерите е премногу јако за оваа атмосфера, вистински хит оваа сезона се магичните светилки кои изгледаат волшебно и соодветни се за секој простор.

Иако овие светилки се совршени за празничната сезона, тоа не значи дека не можете и нешто порано да го украсите вашиот простор.

Овие преслатки светилки во вид на лампиони можете да ги поставите над креветот во спалната соба, да ја украсите детската соба, да блеснат во дневната, или уште подобро, на вашата тераса.

Оваа есен бидете инвентивни и претворете го просторот во спектакуларно катче во кое ќе уживате вие и сите оние покрај вас.

Извор и фото: Modamo.info

Објавено:
18 септември 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
368 пати