Таа е една од најпознатите манекенки на Викторија Сикрет, мајка на 6 годишната Дикси и сопруга на фронменот на популарниот музички бенд Kings of Leon, Калеб Фоловил.

Прекрасната Лили Олдриџ ги отвори вратите на семејниот дом во Нешвил, а истиот е неверојатно издание во кантри стил.

Инаку, таа е родена во Лондон, а поголемиот дел од животот живеела во Калифорнија, но вистинската љубов ја нашла на југот, каде и изградиле куќа со сопругот.

Заедно со сопругот, тие ја купиле куќата веднаш откако се родила нивната ќерка Дикси, за да може да уживаат во пространоста заедно со нивното дете.

При уредувањето на куќата, рокерот и манекенката се инспирирале од Мароко, но и од традицијата на нивните родени места.

Како што можете да забележите од фотографиите, стилот на нивниот дом е целосно боемски, со внимателно одбрани принтови кај мебелот, впечатливи и уникатни детали, уметнички слики и разни други украси.

Подеднакво прекрасни се сите засебни соби од кои фотографот на магазинот доловил прекрасни моменти.

Погледнете ги фотографиите од прекрасниот дом на Лили Олдриџ погоре во галеријата.

Инфо и фото: Buro 24/7

Објавено:
10 август 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
256 пати