Оскаровката Мерил Стрип неодамна се почести со нов дом. Се работи за куќа во Пасадена, Калифорнија.

Се работи за имот од 1950-тата година, кој актерката го купи за 3.6 милиони долари. Се простира на речиси 300 метри квадратни, има три бањи и три спални соби.

Посебно привлени се високите тавани и топлата внатрешност. Впечатливи се и големите прозорци, кои уште повеќе придонесуваат за природна светлината со која куќата изобилува, а веруваме дека актерката ја освоил и погледот на планини.

Освен собите и дрвената внатрешност, овој имот е збогатен и со огромен двор, во кој се наоѓа и мал базен.

Мерил и нејзиниот сопруг Дон Гамер веќе поседуваат дом во Њујорк, како и во Трибека вреден 10 милиони долари. Актерката има уште една куќа во Конектикат, а на овој список сега ќе ја додадат и новата во Пасадена.

Во продолжение погледнете како изгледа внатрешноста пред вселувањето на Стрип и нејзиниот сопруг.

Објавено:
18 декември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
678 пати