Модерни минималистички ентериери

11 септември 2017

Минимализмот во внатрешното уредување подразбира чиста и јасна мисла, симплифицирани линии и ослободување од непотребни елементи.

Ваквиот дизајн е мега популарен во современото уредување на просторите за живеење и секојдневно функционирање, но и во деловните ентериери.

Во осмислувањето на минималистичкиот концепт најчесто не се применуваат многу бои и нивната комбинација е точна и прецизна. Сега особено се актуелни ентериерите во кои преовладуваат неутралните тонови со еден нагласен ѕид во темна боја, што честопати е темно сива или црна.

Исто така во игра многу често се и „минт" нијансите.

Просторот слободно дише, не е оптеретен со мебел, но затоа пак секое парче мебел има своја функција и ја обезбедува неопходната удобност. Такви на пример се широките троседи со чисти линии или пак масивните фотелји.

Осветлувањето има особено нагласен акцент во современото и модернистичко уредување на минималистички ентериер, а особено тренд се телата за осветлување со бакарни нијанси.
Во галеријата во продолжение издвоивме сегменти од минималистички ентериери што сигурно ќе ве инспирираат.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
11 септември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
600 пати