Модерно уреден стан по предлог идеја на Elena Luka Home

4 април 2019

Комбинацијата на природна светлина и природни материјали во домот, е идеален спој во современото домување, препорачуваат архитектите и професионалците во доменот на уредување на ентериери.

Имајќи го тоа во предвид, побаравме предлог идеја за ултра модерно уредување на семеен стан од архитектите во „Elena Luka Home".

Нивната препорака е идеален семеен дом во кој акцентот е ставен на модерниот дизајн, практичниот распоред и совршената функционалност, сместен во објектот Connect 5.

Секако, природната светлина ја има во изобилство благодарение на добро осмислената позиционираност на прозорците, како и на отворениот простор во кој е сместена дневната соба и е поврзана со кујната и трпезаријата.

Во овој ентериер е направен хармоничен спој на современа естетика и атмосфера што остварува блиска комуникација со природата благодарение на природните матерјали имплементирани во изработката на мебелот и финесите.

Просторот е максимално искористен што е базирано на прагматичниот распоред на собите и функционалниот распоред на мебелот.

Огледалните површини преку кои се поврзува дневната соба со кујната, му даваат дополнителна визуелна длабочина на просторот.

Објавено:
4 април 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
805 пати