Музиката како инспирација за современо уреден ентериер

1 август 2017

Карим Рашид, еден од најуспешните современи дизајнери, осмисли ентериер за еден берлински хотел, а темата на неговиот дизајн е музиката.

За проектот за градбата на хотелот бил задолжен архитектот Sergei Tschoban, a Рашид се погрижил за уникатното уредување.

Главната тема е претставена на самиот влез, каде лобито и екстериерот се проектирани така што ќе можат да го пречекаат секој музичар или бенд, а во хотелот исто така може да се одржуваат и концерти. Секако сето тоа, без да се наруши комфорот на гостите.

Исто така, во хотелот е осмислен простор за изложби на уметници и дизајнери. Овој хотел е единствен поради комбинацијата на музика, дизајн и креативност.

Повеќе за содржината прочитајте на овој линк.

Објавено:
1 август 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
264 пати