Најскапата куќа на светот чини 315 милиони фунти и е ставена на продажба. Villa Les Cèdres има 18.000 метри квадратни, се наоѓа во Јужна Франција и е изградена пред 187 години.

Има 14 спални соби, 35 хектари градина. Првиот сопственик е белгискиот крал Леополд втори кој кога го купувал земјиштето, купил и дел од крајбрежјето на Saint-Jean-Cap-Ferrat во 1904 година. По неверојатното богатство што го стекнува, кралот Леполд во Конго експлоатирајќи го народот деноноќно, ќе си дозволи еден ваков луксуз.

Преполно е со маслинови дрвја ,а имотот сеуште ја има најубавата градина со 15000 дрвја и 20 зелени куќички кои се преполни со тропски овошја. Има олимписки базен и штача за 30 коњи.Соседи се Ендрју Лојд Вебер и Пол Ален коосоновачот на Мајкрософт.

На овој посед се негуваат и портокали наречени Grand Marnier, единствени во светот наречени. Во 2016-та сопствениците на Кампари ќе ја купаат оваа вила, но еве сега ја ставаат на пазарот на недвижности за продажба.

Местото има 2.000 жители и постојано се присутни светски имиња кои сакаат да го видат местото. Еден од оние кои често го поминувале својот одмор бил и Винстон Черчил кој сакал да ги слика гардините. Доаѓале и Чарли Чаплин, Дејвид Нивен, Елизабет Тејлор, Ричард Бaртон. Најголема понуда досега имало од страна на рускиот олигарх Микаил Прокоров кој понудил 320 милиони долари.

Објавено:
16 октомври 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
630 пати