Најскапите вили со рајски градини оваа пролет

18 април 2017

Пролетта е време од годината кога сè е обоено во убави, свежи бои. Мирисот на слободата е околу вас. Градините се разубавуваат и се вистински рај за очите. Вилите кои се нудат на пазарот се извонредно скапи, но велат дека се докрај оправдани.

Пет најдобри вили, секако со своите рајски градини, се објавија на пазарот последниов период .
Ако имате 19,57 милиони долари, оваа англиска градина преполна со разни видови на цвеќиња и дрва, каде може слободно да се опуштите и да побегнете од секојдневието. Ако немате, тогаш широко отворете ги очите и сонувајте. Секако во Тоскана, онаму каде рајот нема граници.


Оваа вила датира од 13-от век, наречена е Chianti Classico Renaissance villa која несомнено ја носи историјата во себе. Има неколку градини кои се поделени на мали територии, а сето тоа е заслуга на холандската сликарка Карел Апел. Цената е 100 милиони долари.


Некој може и да помисли дека три преголеми вили на осум акри земјиште е премалку за да се има градина, но сте се излажале. Оваа вила се наоѓа во Грејт Нек, Њујорк. Како некоја огромна карпа да е поставена на средината и во неа трите фонтани и даваат  величествен изглед и неверојатна магична слика. Овој имот е дизајниран од Артур Фишман познат по неговата исклучителна работа во престижни хотели, јахти и приватни авиони.
Цената е 18 милиони долари.


Луѓето од Тексас се познати по своите огромни поседи и тоа без исклучок. Оваа вила има медитерански стил, но има и јапонски градини во низа и ви го одзема здивот на прво гледање. Гордите сопственици ги имаат отворено вратите на оваа градина и за јавноста, па така ако сте во близина може да се прошетате, не наплаќаат. Но, затоа цената на овој имот ќе ја дознаете само ако прашате директно во агенцијата за недвижнини. Веројатно е толку многу голема што ќе ви се заврти умот. Ќе ви дадат чаша вода несомнено.

 

Нема ништо поубаво од англиска градина, така барем велат сите и тоа сместена во англиската внатрешност, далеку од грдската врева и вообичаените метежи. Оваа традиционална вила се зборува дека била купена од Викторија и Дејвид Бекам во 2015-та година за 38 милиони долари, но се уште е на продажба. Градината има 13 мали фармерски куќички.

 

Објавено:
18 април 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
738 пати