Санторини е една од најпопуларните летни дестинации, па честопати во овој период од годините туристичките агенции се обидуваат да ни го привлечат вниманието со интересни понуди и уште поубави фотографии.

Оние што биле во островот со бели куќи и контрастно синило, му се навраќаат и повторно. Оние што не биле веројатно, гледајќи ги фотографиите, макар еднаш посакале да го посетат.

Без разлика во која група спаѓате, сигурни сме дека и овој хотел што ќе го видите во продолжение ќе ви го привлече вниамнието.

Се работи за хотелот „Историја“. Навидум едноставен, но всушност тој претставува совршена комбинација на традиционалната грчка естетика и современите потреби и квалитети.

Хотелот е во стилот на старите вили на Санторини. Доминираат природни материјали - дрво, теракота, глина... А посебно внимание привлекуваат деталите. На пример, завесите и прекривките се рачно изработени, а за подовите, кои се како мозаик, ќе помислите дека се вистински уметнички дела. И мебелот е рачно изработен, а добар дел од ентериерот се уникатни парчиња мебел, кој се набавува од сите краеви на грција.

За храната е задолжен врвен шеф, кој искуството го стекнувал во ресторани со неколку Мишелин ѕвезди.

Хотелот има и базен, но и поглед на море, а на две минути од „Историја“ е и плажата Периволос. Хотелот располага со 12 апартмани, што вклучуваат голем брачен кревет и тераса. Интересно е што терасите се големи речиси колку и собите (40м2), а во полуксузните соби имаат неверојатен поглед на море. Најлуксузните апартмани во понудата имаат и џакузи или базени во рамки на терасата.

Нема потреба да потенцираме дека се работи за луксузен објект, па на пример во овој период од годината ноќевање за двајца со појадок чини од околу 400 евра па нагоре.

„Историја“ е дел од групацијата „Дизајн хотелс“ 

Во продолжение погледнете ја внатрешноста на хотелот и собите:

Објавено:
12 јули 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
728 пати