Неверојатни слатки инспирирани од архитектурата

14 септември 2016

Ултра талентираната Украинка Динара Каско ги прави можеби најнеобичните слатки што некогаш сте ги виделе во животот.

Како инспирација, таа ги користи прекрасните и уникатни градби што ѝ оставаат посебен впечаток и истите ги преточува во неверојатно слатко задоволство што секој би сакал да го проба.

Инаку, таа е дипломиран архитект, по што своите вештини ги стекнала работејќи во една холандска компанија каде покрај другото, работела и како фотограф.

Нејзината смиреност и уживањето во работата ја вратило кон првата љубов што некогаш ја имала, а тоа се слатките!

Патувајќи по светот, таа сфатила дека нејзината работа од соништата е токму таа, па одлучила да го следи срцето и страста и слатките да ги спои со архитектурата.

Таа ќе каже дека колачите што ги прави ги смета за посебни макети од згради, а користи и 3Д технологија за моделирање за да создаде совршени облици.

Нејзините слатки и прекрасни дела наликуваат на модели од современата архитектура, а истите се направени од квалитетно чоколадо, вкусни додатоци и сите оние вообичаено потребни намирници.

Оваа талентирана девојка секогаш настојува да ги поврзе слатките со архитектурата преку геометриски облици и внимателни композиции, а нејзините слатки изгледаат навистина неверојатно и речиси совршено!

Објавено:
14 септември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
658 пати