Ни се допаѓа сивилото на новата колекција за домот на Zara Home

13 февруари 2019

Во својата нова пролет-лето колекција за уредување на домот, Zara Home акцентот го стави на сивите нијанси. И тоа го направи толку умешно што сивата боја во нивните комбинации е далеку од досадна, напротив делува пријатно, модерно, ведро...

Сивите нијанси се појавуват кај декоративните елементи, мебелот, постелнината, украсните перници, а во голем дел се комбинирани со беж, златни и бакарни тонови што исто така важат за еден од водечките трендови во уредувањето на ентериерот.

Како што велат од Zara Home целта е со оваа колекција да се постигне ефект на зен оаза, во која комплетно ќе се опуштите и ќе ги „наполните батериите".

Како ви се допѓа?

 

Објавено:
13 февруари 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
366 пати