Њујоршки стан како уметничко дело во арт деко стил

20 април 2017

Њујоршкото Ghiora Aharoni Design Studio осмисли многу оригинален стил за ентериерот на стан во зграда на Менхетен...

Во нивниот проект на овој стан му додадоа дрвени панели од даб и сребрени листови, а за проектот ги ангажирала клиентка која посакувала да поседува стан кој наликува на уметничко дело. Иако овој стан всушност е еднособен, луѓето од студиото ги отстранија сите партиции и создадоа отворен план на просторот кој е поделен со мебел. Сребрените листови се рачно нанесени на горните делови на ѕидовите, додека панелите од даб ја прекриваат долната половина и продолжуваат во вид на подна облога. Осветлувањето е вградено во овие панели и под деталите на таванот, додека секој остар агол во овој стан е заоблен во елегантна линија.

Повеќе за оваа содржина може да прочитате тука.

Објавено:
20 април 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
230 пати