Нов објект на Elena Luka Home – Business Homes

16 јануари 2017

Во рамките на станбено-деловниот комплекс ELHome-EcoHome во скопската населба Аеродром, компанијата Elena Luka Home го најавува и својот трет објект Business Homes, што покрај станбениот простор вклучува и одличен деловен простор.

„Голема чест ни е да го најавиме и нашиот трет објект Bussines Homes во кој ќе обезбедиме високо квалитетни станови со намалена енергетска потрошувачка кои ќе ви овозможат одличен ефективен бизнис простор и на тој начин ќе ја заокружиме приказната за #ElHome – #Ecohome станбено-деловниот комплекс", велат од Elena Luka Home.

Станбено-деловниот објект Business Homes совршено се вклопува во природното окружување на една од најубавите скопски населби при тоа оставајќи впечаток на моќ и елеганција уште на прв поглед благодарение на модерниот дизајн и претходните два објекта: Luxury Homes и Living Large и веќе испробаните и добро познати материјали со врвен квалитет со кои Elena Luka Home работи години наназад.

„Исклучителната посветеност на нашата компанија како инвеститор се огледува во примената на квалитетната градба во склад со Европските стандарди, но и комфорот на кој нашата компанија посвети посебно внимание, овој пат и со деловен простор од дури на три нивоа кој плени со својата пространост и убавина како и неговото уредување со зелени кровови и површини уште од самата улица", додаваат од компанијата.

Сите детални информации ги имате на овој линк.

Во продолжение погледнете ентериерно решение од тимот на Elena Luka Home за еден од компактните двособни станови во третиот објект на компанијата.

Објавено:
16 јануари 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
621 пати