Нови атрактивни проекти на Elena Luka Home на Саемот на градежништво

28 февруари 2017

Денеска во Метрополис арената на Скопски саем беше отворен 14-от Меѓународен саем на градежништво, градежни метеријали и градежна механизација – Саем на градежништво 2017, во рамките на кој и оваа година меѓу изложувачите е градежната компанија Elena Luka Home.

Имавме прилика непосредно по официјалното отворање на саемските денови, да го поседиме изложбениот простор на Elena Luka Home каде веќе беше видлив интересот на новите потенцијални клиенти за новите проекти на компанијата.

Во својата актуелна понуда компанијата покрај новиот, трет по ред објект во рамките на комплексот во Аеродром, најавува и нови објекти на две нови локации.

За подетални информации ја искористивме можноста да поразговараме со сопственичката и генерален менаџер на компанијата, г-ѓа Елена Пандева.

„На годинешниот Саем за градежништво во актуелната понуда на Elena Luka Home е третиот објект од комплексот Аеродром кој го почнуваме на први март. Тој комплекс има околу 20.000 квадрати, добро позната локација за сите, одлична локација и во однос на инфраструктура во смисла на близина на училишта, градинки, маркети, едноставно еден урбан комплекс во една урбана населба. Сега го почнуваме третиот и последен објект во комплексот El Home – Eco Home, кој ќе има некаде околу 9.000 метри квадратни. Се работи за исто така атрактивен проект,  зграда која овозможува урбано живеење и сметаме дека правиме едно капитално дело кое е чест што успеавме да го проектираме и реализираме", вели г-ѓа Пандева за „Busniess Homes", третиот објект во рамките на комплексот во Аеродром.

Покрај овој, понудата на Elena Luka Home на овој саем вклучува уште два нови проекти, лоцирани во Црниче и Карпош.

„Други објекти што ќе ги работиме и ќе ги промовираме се двата објекти „Twins" кои се наоѓаат во општина Карпош, со површина од околу 7.000 метри квадратни. Станува збор за многу интересни објекти во смисла на архитектурата и функцијата. Тие се наоѓаат во близина на трговскиот центар Сити Мол и многу спортски објекти за луѓе кои сакаат рекреација. Карпош ја познаваме како една еко населба, има доста зеленило и токму затоа таму адаптиравме објекти од таков тип, два идентични.
Третиот објект што би го промовирале денеска е објектот во Црниче, многу блиску до центарот на градот. Тоа е веќе еден рустичен и убав објект кој има 1.800 метри квадратни. Станува збор за помал објект, но е со специјален сензибилитет... Навистина има што да промовираме на овој Саем за градежништво", ни објасни г-ѓа Пандева за двата нови проекти на компанијата.

А бидејќи Саемот на градежништво е атрактивен покрај другото и поради поволностите што може да ги добијат потенцијалните клиенти, ја прашавме г-ѓа Пандева какви поволности им нуди Elena Luka Home на своите клиенти на овој саем.

„Секако, ние направивме некои специјални пакети и акции во однос на продажната цена на становите, во однос на паркинг местата, во однос на складишниот простор, така што има интересни пакети кои што ќе се однесуваат само на овие неколку дена и после се враќаме на пазарната цена, така што повелете и разгледајте ги условите", додава г-ѓа Пандева.

Зошто вашиот иден дом треба да биде во Elena Luka Home, генералниот менаџер на компанијата потенцира:

„Работиме по високо европски стандарди, работиме објекти со енергетска ефикасност, буквално по европски стандарди, а со македонски цени, а тоа е многу тешко да се добие. Кај градежништвото не е само менаџментот во прашање, туку треба да го познавате градежништвото како тежина на материја и секогаш треба да имате динамика на изведбата. Ние не сме од оние луѓе кои зависат од парите, дали ќе продадете денес еден стан, па да можете да го изградите објектот. Димензирани ни се инвестициите и тоа во старт го знаеме како капацитет, за колку време ќе изградиме и тоа што ќе го кажеме ќе го оствариме. Значи градиме здрави и исправни технички објекти, енергетско ефикасни со урбан изглед, одлична архитектура и сметам дека затоа можеби луѓето ја бираат Elena luka Home најмногу. Еден показател само би додала, третиот објект кој сега почнуваме да го градиме е 40 проценти продаден во фаза на проектирање. Со ископите и изведбата започнуваме на први март, а веќе сме продале огромен процент, а тоа е благодарение на довербата што ја имаме од купувачите затоа што инвестираа во првите два објекти кои се дел од комплексот кој се наоѓа на одлична локација, со едно одлично проветрување што би рекле градежниците, една „ружа на ветер" и уште многу други аспекти, а ќе функционира како засебен во целата населба. Затоа можеби луѓето се одлучуваат за Elena Luka Home“.

Доколку сте во потрага по вашиот иден дом, ви препорачуваме да го посетите Саемот на градежништво што ќе трае до 4. Март.

 

Објавено:
28 февруари 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
688 пати