Новиот дом на Џенифер Лопез и Алекс Родригез

30 март 2018

Познатата двојка Џенифер Лопез и Алекс Родригез одлучи да живее заедно и тоа во нов дом. Се работи за луксузен апартман во Њујорк вреден 15,3 милиони долари.

Апартманот се простира на 370 метри квадратни, има три спални, 4 големи бањи и една мала, а се наоѓа на 432 Парк Авенија, позната како највисоката станбена зграда. Има вкупно 96 ката, а нивниот стан се наоѓа на 36-от. Освен овие соби, има и кино, библиотека, соба за вежбање, огромна кујна со отворен систем, како и приватен лифт кој води до нивниот нов дом.

Секако, меѓу најдобрите работи кај овој стан е секако и погледот. 

Погледнете ги фотографиите и сигурни сме ќе се согласите со нас:

 

 

фото извор: variety.com;

 

Објавено:
30 март 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.878 пати