Музичката ѕвезда Ријана има нова куќа во Холивуд. За неа, од својот буџет издвои 6.8 милиони долари. Сигурни сме дека повеќето од вас кога фантазираат, токму вака ја замислуваат куќата од соништата.

Има шест спални соби, девет бањи, соба за кино, соба за забава, соба за вежбање, а во рамки на оваа куќа има и уште една малку помала, гостинска. 

Покрај неверојатната внатрешност, има прекрасна градина, како и базен.

Инаку, во истиот кварт до неодамна живееше и моделот Кендал Џенер, но таа одлучи дека ќе го смени местото на живеење.

Сигурни сме дека Ријана нема и дека ќе ужива во сите луксузи што ги носи со себе оваа вила, а нејзината внатрешност ќе ја погледнете во продолжение.

Фотографиите се од магазинот TMZ, кој ја имаше и ексклузивата:

Објавено:
24 август 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.353 пати