Новиот сопственик на Хефнеровата палата

29 септември 2017

Хју Хефнер живееше во својата Плејбој палата од далечната 1971 година. Но, во последните години од неговиот живот, тој ќе ја продаде за 100 милиони долари, но под еден услов: да живее до крајот на неговиот живот притоа плаќајќи кирија од еден милион долари годишно на новиот сопственик.

Според Си Ен Ен палатата има 12 спални соби, неколку кујни, домашно кино, соба за забава, вински подрум, тениско игралиште, гостинска куќа. Имал и дозвола за чување на животни како што се мајмуни и егзотични птици.

Изградена е во 1927 година, дизајнирана од Артур Кели. Хју Хефнер ја купува за еден милион долари. Оваа пала веднаш станува препознатлива како Холивудскиот рај како и локација каде се снимаше реалното шоу „The Girls Next Door“.

Дарен Метрополус инаку син на милијардерот Дин Метрополус, му бил сосед на Хефнер. Сумата која тој ја плаќа на Хефнер е се уште најголемата што некој ја платил за куќа во Лос Анџелес.

Дарен сè уште не се изјаснил кога ќе се всели во новиот дом, со оглед на тоа што има намера да ја спои својата куќа со куќата на Хефнер.

 

Објавено:
29 септември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
4.961 пати
Тагови: 
Хју Хефнер куќа