Компанијата A for Architecture од Мелбурн била замолена да трансформира стара барака во двокатна куќа за млад брачен пар со деца...

Valiant House претставува куќа сместена на најмалото парче земја во едносмерна улица каде што оригиналната колиба поседувала само една соба која овозможувала поглед кон градината и бањата. Сопствениците на овој дом барале оваа целосно нова куќа да има флексибилни простории наменети како за децата, така и за возрасните, заедно со ентериер кој на идеален начин би бил поврзан со дворот.

Аехитектите на ова австралиско студио биле во можност да одговорат на сите барања и покрај предизвиците кои ги поставила пред нив малата квадратура на колибата и успеале да создадат светол ентериер кој слободно тече и овозможува чувство на пространост.

Повеќе за оваа содржина прочитајте на овој линк.

Објавено:
14 јули 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
214 пати