Летото е период кога многу од луѓето се одлучуваат на реновирање во домот. Ако случајно тоа е случај и со вас, нијансата на лаванда е една од најактуелните сезонава.
Доколку сте похрабри и не стравувате од големи промени, пастелните виолетови ѕидови во детската соба, или пак во спалната се нешто што ќе внесе нежност и свежина во вашиот дом.
И бањата со пастелно виолетови плочки може да изгледа мошне примамливо и интересно.
Ако пак, би сакале да внесете промена, но тоа да не биде ништо драстично, сменете ги деталите. Перничиња, столчињата, или пак украсите можат да бидат во оваа популарна нијанса. Исто така, поселнина во пастелно виолетова е добар избор, слика и секако цвеќе.
Во продолжение погледнете неколку предлози, кои веруваме ќе ве инспирираат.