Ова е домот во кој живеела прекрасната Грејс Кели

30 јуни 2016

Ако имате еден милион долари вишок, сега може да го поседувате домот во кој израснала прекрасната Грејс Кели.

Имено, актерката која стана принцеза, живеела во навистина шармантен дом во Филаделфија, изграден и стилизиран од нејзиниот татко.

Нивниот дом се протегал на околу 300 метри квадратни, во кои тие сместиле шест спални соби и четири купатила.

Оној кој ќе се одлучи да го купи домот на принцезата, во истиот ќе може да најде и остатоци од нејзини лични работи, претежно украси сместени во собата во која таа спиела.

Постојат и шпекулации дека принцот од Монако ја запросил актерката токму во нејзиниот дом, па тоа би било прекрасен почеток за секоја љубовна приказна.

Иако домот во кој таа растела досега има претрпено голем број поправки и реновирања, темелите и суштинските моменти во домот се недопрени.

Според некои информации, сопственикот на куќата кој живеел таму во 70 – тите, не се грижел многу за неа и ја запоставувал, а во 2013 – тата таа станала удобен дом за улични мачки.

Денеска, куќата е целосно средена и се очекува истата да биде целосно опремена и подготвена за вселување на 5 – ти јули.

Објавено:
30 јуни 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.338 пати