Ова е најубавата, најлуксузната и најпосакуваната куќа во Британија

3 август 2018

Ако веќе кликнавте на овој текст, знајте дека ве очекуваат неколку минути фантазирање. Се работи за имот во местото Торки во Британија, за кај во најмала рака може да се рече дека е луксузен.

Во моментов е на продажба, а почетната цена е три милиони фунти.

Она што освојува кај ова здание е модернистичкиот изглед во комбинација со одлично уредениот ентериер.

Имотот располага со фантастичен базен со неверојатен поглед, потоа шест спални соби, отворена кујна, кино-сала.

Генерално, доминира минимализмот, а надворешноста на здранието е со две различни фасади. Нема потреба да потенцираме дека има и прекрасен двор, па затоа не изненадуваат комантарите дека ова е една од најубавите, но и најпосакуваните куќи во Британија.

 

фото извор: rightmove.co.uk; pinterest.com;

Објавено:
3 август 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
275 пати