Оваа сезона кадифе за вашиот простор

18 октомври 2016

Последниве години кадифето не само што владее со модната сцена туку и со дизајнот на мебел. Иако до пред некое време беше одбегнуван како симбол на кичот, сега се враќа на голема врата во ентериерите, како во дизајнот на деталите така и кога се во прашање поголемите парчиња мебел.

Авторите од Designers Guilda употребуваат принтови на пеперутки на самото кадифе во тиркизна, сива и портокалова основа. Материјалот го нудат како микс на природни влакна од памук, лен и свила.
Кадифето се чувствува на допир. Свилениот на пример има најнежна и најмека површина и е идеален за перници. Апсолутен хит за оваа сезона е кадифе во сина, сива, црна како и петролеј боја. Во просторот тој има и двојна улога, може да биде многу нагласен, но и незабележителен и на тој начин да допринесе за дополнителна длабочина во просторот.

Кадифето може да се рециклира. Во моментот кога ќе ви здодее, од стариот материјал може да направите мало перниче, да ја редизајнирате вашата мала табуретка.
Кадифето е новото освежување оваа сезона.

Објавено:
18 октомври 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
249 пати