Палети – мебел во функција на модерниот ентериер

11 јануари 2018

Доколку често ги посетувате платформите и онлајн страниците за уредување на ентериер, веројатно сте забележале дека последниве неколку години вистински хит во уредувањето на домот е имплементирањето мебел изработен од палети.

Сосема функционално, практично и ефтино решение, а неверојатно ефективно. Токму тоа е предноста на мебелот изработен од палети.

Можеби ќе се изненадите, но постојат фантастични примери на ентериери целосно уредени со мебел од палети. Многу често тоа се креативни канцеларии или пак угостителски објекти.

Во домот, палетите може да придонесат за дополнително топло и пријатно чувство. Таков е примерот со спалните соби каде креветот е изработен од палети на повеќе нивоа и врз нив е поставен душекот.

Палетите лесно може да се најдат во индустриските зони на градовите, а најчесто се изработени од даб, јавор или бор што ги прави солидно издржливи.

Во прилог ќе ве инспирираме со неколку интересни идеи доколку планирате својот дом да го надополните со парче мебел од палети.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
11 јануари 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
618 пати