Пет совети за луксузен печат во вашиот дом

14 декември 2016

Еден од најпознатите американски дизајнери на ентериер, Џонатан Адлер кој честопати ќе каже дека секогаш треба прво да создадете добра основа, а потоа да ја украсите со детали, ги открива неговите тајни за луксузен печат во домот.

Тој е еден од оние дизајнери кои се обожаватели на минимализмот, но секогаш знаат да го украсат просторот со вистинските детали кои оставаат посебен впечаток.

Адлер има пет совети, односно трикови за тоа како и со што да оставите луксузен печат во вашиот дом.

1.Ако сакате просторот да го нагласите со јака боја, ѕидовите и подот нека останат бели

Адлер вели дека ретко ги бојадисува ѕидовите во некоја друга боја, а кога тоа го прави обично тоа се работни простории. Белата боја овозможува развој на просторот во една уметничка смисла, но секогаш со интересни детали.

2.Немојте да се плашите од принтови

Геометриските принтови се едни од омилените на Адлер, но во една малку поелегантна варијанта. Графичките орнаменти, јаките бои, геометријата и животинските принтови се тие што на вашиот простор ќе му подарат доза луксуз.

3.Портокаловата боја може да биде многу елегантна

Ова е нијанса која многу често можеме да ја видиме во ентериерите создадени од Адлер, бидејќи станува збор за многу топла и впечатлива боја која на едноставен начин ќе ви го разубави домот. Оваа боја ќе го направи секое ќоше посебно, а воедно ќе делува и прилично отмено.

4.Сребрени и златни детали за супер ефект

Сребрените и златни детали се тотална спротивност од геометриските украси кои во ентериерот ќе внесат вистински гламур. Ако сакате да го постигнете токму тој ефект, сребрените и златни детали се одличен избор со кој нема да погрешите.

5.Ќоше со украси што ве опишуваат

Ако сакате во вашиот дом да создадете вистинска фантазија, постерите, старите плочи и другите работи што ве опишуваат и тоа како ќе завршат работа. Ако сите заедно ги споите во едно ќоше, тогаш имате дел од домот во кој ќе се чувствувате прекрасно во секој момент.

Објавено:
14 декември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.528 пати