Пинтерест порачува: Ова се најголемите трендови во ентериерот

2 јули 2018

Кога се ентериерите во прашање, инспирација никогаш не ни е доволна! Ако ова лето планирате да направите некакви промени, тогаш Пинтерест ги собра најактуелните трендови на едно место.

Токму на оваа социјална мрежа ќе ги пронајдете последните трендови кога се ентериерите во прашање и ќе се инспирирате повеќе одошто мислите.

Според Пинтерест, она што ќе биде вистински хит ова лето се златните нијанси во домот и деталите во слична нијанса.

Без разлика дали станува збор за додатоци во домот, мебел, боја на ѕидовите или слично, златните нијанси се дефинитивно едни од омилените.

Според Пинтерест, вистински голем хит ќе биде и ботаничкиот принт, односно големите ѕидни тапети со листови, гарнитурите со вакви мотиви и што уште не.

Со овој тренд морате да бидете внимателни, бидејќи принтот е навистина впечатлив, па внимателно пронајдете и распоредете ги парчињата во домот. 

Во галеријата ќе ја пронајдете сета инспирација што ви е потребна за прекрасни летни промени во домот.

Инфо и фото: Buro 24/7

 

Објавено:
2 јули 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.166 пати