Погледнете го домот од кој се збогуваат Џастин Тимберлејк и Џесика Бил

6 март 2018

Познатата двојка Џастин Тимберлејк и Џесика Бил го ставија на продажба нивниот дом во Сохо, Њујорк. Се работи за пентхауs, а цената изнесува 7.995 милиони долари (речиси милион и пол повеќе од цената по која го купија).

Домот се простира на 240 метри квадратни, а има три и пол бањи и тераса од 80 метри квадратни што се простира на три страни од зградата. 

Речиси во секоја од просториите има огромни прозорци, од под до плафон. Кога се всели во 2010 година, двојката го уреди просторот во топли и неутрални бои и во минималистички стил.

Исто така, во цената спаѓа и приватниот паркинг и приватното фитнес студио во рамки на посочената квадратура. 

Во продолжение погледнете како изгледа домот со кој ќе се збогуваат откога минатата година одлучија да се преселат во делот на Њујорк наречен Трибека.

 

фото извор: stribling.com;

Објавено:
6 март 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
979 пати