Без разлика дали бевте тотално полудени по филмот „50 нијанси сиво“ или пак само некаде погледнавте за што станува збор, дефинитивно не сте можеле да не го забележите Кристијан Греј.

Подеднакво импресивен е и неговиот дом каде се случува речиси најголемиот дел од филмот, а денеска ќе ви го презентираме станот од кој тимот кој работел на филмот се инспирирал за неговото создавање.

Имено, станува збор за огромен апартман кој од неодамна е ставен на продажба, а зборот импресивен е многу мал за да се опише овој апартман.

Додека обожавателите го очекуваат новото продолжение на филмот некаде во 2017 – тата година, сега имате можност да погледнете во станот на главниот лик од филмот.

Софистициран, со модерен дизајн, овој стан во Сиетл во кој драматичен впечаток оставаат огромните прозорци е полн со уникатен и стилски мебел.

Во него има три спални соби и исто толку тоалети. Иако можеби не е толку мрачен како оној во филмот, станот има фантастичен поглед на Сиетл од речиси сите простории во кои знаеме дека ќе се заљубите од прва.

Погледнете го фантастичниот стан на „вистинскиот“ Кристијан Греј!

Објавено:
20 септември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.656 пати