Погледнете го новиот дом на Џон Бон Џови

26 септември 2017

Рок музичарот Џон Бон Џови потроши 18.4 милиони за новиот стан на „Гринвич Вилиџ“, во близина на Менхетен, место привлечно за многу ѕвезди.

Станот кој се протега на околу 370 метри квадратни, има четири спални соби и четири и пол бањи, но исто така прекрасен поглед на реката Хадсон.

Во новиот простор Бон Џови има и приватен лифт, како и приватна градина, а од дневната соба се излегува на простран балкон.

Големата и скапа соба-плакар, како и посебно дизајнираните подови, плочки за бањите и ѕидови го прават станот уште попривлечен.

Базенот долг 25 метри, кино-собата, приватниот паркинг, сауната, голф теренчето се само дел од работите што го привлекле рокерот да го купи овој дуплекс.

Инаку, Џон во 2015 година го продаде својот пентхаус за 34 милиони.

Што се однесува до соседите, поранешниот извршен директор на „Старбакс“, Хауард Шултц годинава на истото место купи пентхаус за преку 40 милиони долари, а актерот Мајкл Хал го купи својот апартман во 2016 година, за 4.3 милиони долари.

фото извор: 6sqft.com; variety.com;

Објавено:
26 септември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.059 пати